
Иако повеќето од големите европски клубови започнаа да покажуваат интерес за младиот Ленарт Карл, управата на Баерн не гледа причина да му понуди продолжување на договорот во блиска иднина. Овој перспективен офанзивен играч од средниот ред моментално има договор до јуни 2029 година.
“Минатото лето веќе го обновивме договорот со Ленарт Карл. Бевме убедени дека ќе ја добие својата шанса кај нас. Покажа извонредни игри, што значи дека ќе се активираат соодветните клаузули во неговиот професионален договор.”
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
“Никој не треба да се грижи за Ленарт. Тој е сигурен и многу сме задоволни што стратегијата успеа”, потврди Макс Еберл, спортскиот директор на баварскиот клуб.
Талентираниот играч на Баерн, кон крајот на минатата година, даде изјава што одекна низ светот на фудбалот. Иако моментално блеска на Алијанц Арена, се чини дека во иднина би можел да си побара нов предизвик, а со оглед на неговите амбиции, не е изненадување што конечната цел ја наведува како Реал Мадрид. “Баерн е многу голем клуб. Сонот е да се игра таму. Но во некој момент, дефинитивно сакам да одам во Реал Мадрид. Тој е мојот клуб од соништа, но тоа останува меѓу нас. Секако, Баерн е нешто многу посебно и навистина е забавно”, изјави Карл.