Дома Фудбал Ниту збор: Овие седум фудбалери на Реал не се збогуваа со Алонсо

Ниту збор: Овие седум фудбалери на Реал не се збогуваа со Алонсо

Заминувањето на Чаби Алонсо од Реал Мадрид по само шест месеци стана ударна вест во попладневните часови. Како еден од главните фактори за неуспешниот период на младиот тренер на „Сантијаго Бернабеу“ беше наведено недостатокот на контрола во соблекувалната и прекумерната моќ дадена на одредени играчи.

Со оглед на тоа, шпанските медиуми, карактеристично за ерата на социјалните мрежи, го анализираа начинот на кој некои од ѕвездите се збогуваа од тренерот кој беше зацртан како долгорочно решение наместо Килијан Мбапе.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Иако најмалку се очекуваше од него, според реакцијата по финалето на Суперкупот во Џеда, Килијан Мбапе беше првиот што се јави и испрати силна порака до Алонсо, истакнувајќи дека ќе го памети како тренер со јасни идеи и длабоко познавање на фудбалот.

„Беше кратко, но беше задоволство да се игра за вас и да се учи од вас. Благодарам што ми укажавте доверба од првиот ден. Ќе ве паметам како тренер со јасни идеи и длабоко разбирање на фудбалот. Среќно во вашето ново поглавје“, напиша францускиот фудбалер познат по брзината, кој беше означен како еден од водечките „виновници“ за саботирање на Алонсо.

Со текот на денот, играчите на Реал Мадрид испраќаа пораки на збогување до доскорешниот тренер, но меѓу нив недостасуваа дури седум првотимци, што не е занемарлива бројка.

Не се огласија Винисиус Жуниор, со кого Алонсо водеше голема борба околу контролирањето на егото во соблекувалната, како и Едер Милитао, Трент-Александер Арнолд, Ферлан Менди, Џуд Белингем, Брахим Дијаз и Франко Мастантуоно.

Некои од споменатите се повредени, други играат на Африканскиот куп на нации, но е индикативно што Винисиус и Белингем не се огласија, бидејќи беше очигледно дека Алонсо со нив имаше проблеми.

Реал не загуби време по заминувањето на Алонсо, бидејќи го назначи поранешниот фудбалер Алваро Арбелоа како нов тренер. Тој веќе беше разгледуван како наследник на Чаби уште пред извесно време, кога шпанецот западна во криза со резултатите.

Првиот следен натпревар на Реал Мадрид, по заминувањето на Алонсо, се игра веќе утре вечер против Албасете во Купот на кралот, доека три дена подоцна Арбелоа ќе дебитира пред мадридската публика во првенствениот дуел против Леванте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бернардо Силва е пред заминување од Сити, може да потпише за друг гигант!

Ѕвездата на Манчестер Сити, Бернардо Силва, наскоро би можел да го промени дресот, бидејќи…