Екипата на Барселона наводно е заинтересирана за младиот дефанзивец на Ријека.
Станува збор за Јасмин Челинковиќ (18), јуниорскиот капитен на репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Челинковиќ го привлече вниманието со одличните настапи во дресот на младата репрезентација на Бих со која успеа да се пласира на Европското првенство.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Вистина е тренерите на Барселона кои работат во „Б“ тимот со суперлативи зборуваа за Челниковиќ. Сепак тоа не значи дека тој ќе заврши во Шпанија, повеќе клубови покажаа интерес за неговите услуги“, изјави менаџерот на Челинковиќ.
Јасмин оваа година потпиша професионален договор со актуелниот шампион на Хрватска, а после потпишувањето на договорот изјави.
„На мене е секој ден максимално да тренирам и да се наметнам кај тренерот. Се надевам дека наскоро ќе дојде моето време“, изјави Челинковиќ при потпишувањето на договорот.