
Во тенискиот свет, најактуелна тема сè уште е неуспешниот настап на египетската тенисерка Хаџар Абделкадер на турнирот во Најроби, каде што беше прогласена за најлошата тенисерка во историјата.
Абделкадер, благодарение на специјална покана, учествуваше на ITF турнирот W35 во Најроби. Во првиот круг се соочи со Германката Лорена Шедел, која инаку се наоѓаше на 1.026. место на светската ранг-листа и загуби по само 37 минути игра.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Шедел славеше со резултат 6:0, 6:0, а Абделкадер успеа да освои само три поени во целиот натпревар.
Од првиот контакт со топчето, беше очигледно дека Абделкадер никогаш претходно не држела рекет в раце, што продолжува да биде тема на разговор за грешката на организаторите.
Интересното е сумата која Абделкадер ја „стави во џеб“ за излезот на теренот во траење од 37 минути.
Турнирот во Најроби беше во ITF категоријата W35, со награден фонд од 25.000 евра, а за поразот во првото коло, Абделкадер доби 350 евра.
What did I just watch? An ITF Tennis tournament in Nairobi, Kenya.
— Hrach Khachatryan (@hrachoff) January 7, 2026
A player, Abdelkadar, who received a wildcard, didn’t seem to know how to play tennis — how to serve, from which side to serve — it looked like it was her first time on a court.
She won just 3 points and made 20… pic.twitter.com/rfEdkutq5I