Дома Останати Тенис Конечно: Откриено како најлошата тенисерка во историјата се најде на професионален турнир

Конечно: Откриено како најлошата тенисерка во историјата се најде на професионален турнир

Тенискиот дуел во главниот град на Кенија, Најроби, помеѓу египетската тенисерка Хаџар Абделкадер и Лорена Шадел, продолжува да предизвикува голема дебата во спортските кругови.

Натпреварот требаше да биде професионално организиран, но претстави досега невидена “игра” од Египќанката, која на крајот доживеа пораз со 6:0 и 6:0, а сето тоа заврши за само 37 минути.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Очигледно беше уште при првиот контакт со топчето дека Абделкадер никогаш претходно не држела рекет. Додека случајот се истражува, од тениската федерација на Кенија дадоа објаснување зошто 21-годишната тенисерка од Египет, инаку 1026-ти рангирана во светот, била на турнирот.

Од федерацијата објаснуваат дека одлуката е донесена врз основа на информациите што ги приложила тенисерката, каде што наведила дека има соодветно ниво на натпреварувачко искуство. Целта била да се одржи целосен и избалансиран ждреб и да се поддржи развојот на тенисот во Африка.

И покрај почетните објаснувања, федерацијата отворено призна дека одлуката била погрешна.

Во соопштението стои: „После настанот, тенискиот сојуз на Кенија признава дека оваа покана не требаше да биде доделена. Сојузот го зема ова искуство во предвид и ќе се погрижи ваков редок инцидент да не се повтори”.

Освен тоа што Абделкадер едвај успеа да ја префрли топката преку мрежата, судијата повеќепати беше принуден да ја потсетува каде да стои за да започне поен.

Направи 20 двојни грешки на 24 сервис-поени. Трите освоени поени беа благодарение на две двојни грешки на нејзината противничка Шадел и една не принудена грешка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Eве колку заработи „најлошата тенисерка во историјата“ за срамниот настап во Египет (Видео)

Во тенискиот свет, најактуелна тема сè уште е неуспешниот настап на египетската тенисерка …