Дома Фудбал Битка помеѓу ПСЖ и Челзи за дефанзивецот на Реал Мадрид

Битка помеѓу ПСЖ и Челзи за дефанзивецот на Реал Мадрид

Иднината на Антонио Ридигер во Реал Мадрид изгледа неизвесна, додека два клуба покажуваат интерес за негово ангажирање.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Се очекува Давид Алаба да го напушти тимот на кралскиот клуб на крајот од сезоната, но тој можеби нема да биде единствениот дефанзивец што ќе тргне по тој пат. Постои и сериозна недоверба околу продолжувањето на кариерата на Антонио Ридигер, чиј договор исто така завршува идното лето.

Германскиот дефанзивец се покажа како значаен играч за Реал Мадрид откако пристигна од Челзи во 2022 година, но во последниот период се бори со бројни повреди. Состојбата на неговото физичко здравје предизвикува загриженост кај управата на клубот, но сепак е планирано да му биде понуден нов договор доколку демонстрира добра кондиција до крајот на сезоната.

Сепак, ништо не е сигурно, што ја прави неговата иднина во шпанската престолнина несигурна. Доколку реши да замине, нема да му недостигаат понуди, а една од најсериозните доаѓа од Пари Сен Жермен и Челзи.

Според информации на “As”, францускиот гигант и европскиот првак внимателно ја следат состојбата на Ридигер во Реал Мадрид, бидејќи Луис Енрике има силен интерес да го види германскиот репрезентативец во својот состав за сезоната 2026/27.

Освен Париз Сен Жермен, и Челзи покажува голема заинтересираност за германскиот играч, сакајќи да го повтори потегот што го направи Реал Мадрид четири години претходно, доведувајќи го како слободен играч. Овие клубови гледаат на 32-годишникот како на искусен играч што може да понуди искуство на младите тимови, што е клучно за постигнување на нивните амбиции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сопругата на голманот на ПСЖ стана хит: Не смееше да внесе руско знаме на стадионот, еве како се снајде (Видео)

И покрај тоа што во финалето на Лигата на шампионите главните ѕвезди беа стрелците и херои…