Дома Фудбал Руни: Да сум Слот, би го изоставил Салах од тимот

Руни: Да сум Слот, би го изоставил Салах од тимот

Вејн Руни не се согласува со тврдeњата дека Ливерпул го фрли Мохамед Салах под автобус.

Напротив, тој верува дека работите стојат сосема спротивно.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Во последната епизода на подкастот „Wayne Rooney Show“, легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед беше прилично критичен кон однесувањето на овој познат фудбалер на ривалскиот клуб.

„Арне Слот мора да покаже авторитет, да го остави на страна и да му каже: ‘Не патуваш со тимот, тоа што си го кажал е неприфатливо. Оди си на Африканскиот куп нации и остави да се смири ситуацијата’. Да сум јас менаџер, никако не би бил дел од тимот“, изјави Руни, коментирајќи ги големите обвинувања на Салах, изречени во камера по нерешениот натпревар со Лидс, дека клубот работи против него.

„Црвените“ се подготвуваат за патот во Милано каде што во вторник вечерта ќе играат против Интер во Лигата на шампионите. Со или без Салах, допрва ќе видиме.

Руни, кој по завршувањето на својата кариера призна дека некогаш доаѓал на тренинзи на Јунајтед под влијание на алкохол, смета дека односот помеѓу него и Слот мора брзо да се исправи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Уште еден луд натпревар на Арсими: На неверојатен натпревар избегнаа пораз од Пелистер!

Фудбелерите на Арсими одиграа уште еден луд натпревар во домашното првенство ремизирајќи с…