
Поранешниот голман на ПСЖ, Александар Летелиер (34) сподели интересна случка од својата кариера со својот некогашен соиграч Нејмар (33). Во интервју за L’Équipe, Летелиер се присети на неочекуван миг кој го затекна додека беа заедно во соблекувалната во Париз. Летелиер, кој беше дел од францускиот гигант од 2020 до 2024 година, раскажува како еднаш затекнал Бразилецот во чудна ситуација.
“Бев шокиран. Тоа беше во тренинг-центарот Камп дес Лож. Влегов во бањата и го видов Нејмар како седи на тоалетната школка, со отворени врати. Веднаш се повлеков, а Абду Диало (исто така поранешен соиграч) сфати дека не знам што гледав”, раскажа Летелиер.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Така и се разјаснила мистеријата, благодарение на нивниот соиграч, сенегалскиот дефанзивец Абду Диало, кој му објаснил на Летелиер дека Нејмар страда од клаустрофобија. Поради страв од затворени и мали простори, бразилската ѕвезда никогаш не ги затвора вратите. “Ниту еднаш не ги заклучува вратите, секогаш ги остава отворени,” раскажал Диало.
Александар Летелиер ја заврши својата кариера по сезоната 2023/24 како играч на ПСЖ, каде што настапи два пати службено. Претходно во кариерата го бранеше голот на Анже, Троа, Јанг Бојс, Сарпсборг и УС Орлеанс.