Дома Фудбал (Видео) „Новиот Модриќ“ постигна хет-трик во Лигата на шампионите, противниците тврдат: Тој е идната „Златна топка“

(Видео) „Новиот Модриќ“ постигна хет-трик во Лигата на шампионите, противниците тврдат: Тој е идната „Златна топка“

Актуелниот европски првак ПСЖ славеше против Тотенхем во петтото коло од Лигата на шампионите, беше тоа вистински фестивал на голови (5:3), а херој на натпреварот беше неверојатниот Витиња.

Португалецот двапати го израмни резултатот со извонредни удари, а потоа постигна гол од белата точка за да ја потврди победата против Спарс. Спарс поведоа со голот на Ришарлисон, а Витиња израмни во 45-та минута со гол кој вреди да се гледа повеќе пати.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Некои дури го споредуваат со Лука Модриќ! Поранешниот англиски фудбалер, а денес стручен коментатор Овен Харгревс, кажа дека Витиња најмногу го потсетува на Модриќ и додаде дека тоа е најголемиот комплимент кој може да му го даде.

„Можам да кажам како јас го гледам, а другите нека проценуваат дали има сличности или не. Многу ми се допаѓа како играч, мислам дека имаше феноменална сезона и тоа е играч кој помага на екипата да игра подобро”, кажа Модриќ за Дневник Нова ТВ за Витиња.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Деко веќе започна преговори за првото летно засилување на Барселона!

Барселона сериозно ја разгледува иднината на Маркус Рашфорд, а најновите сигнали од Саудис…