Дома Фудбал Несторовски блесна викендов и доби место во тимот на колото!

Несторовски блесна викендов и доби место во тимот на колото!

Поранешниот македонски репрезентативец Илија Несторовски блесна во дресот на Славен Белупо и заслужено се најде во идеалниот тим на колото во хрватското првенство.

Несторовски беше двоен стрелец во убедливата победа од 4–1 против Вуковар, одигра сите 90 минути и беше најистакнат фудбалер во редовите на својот тим.

Со ваквата впечатлива партија, напаѓачот без дилема го заработи своето место во најдобриот состав на 14. коло во елитната хрватска лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Сити решен за трансфер на Ензо Фернандез. Челси бара 140 милиони евра

Манчестер Сити сè уште не се откажал од Ензо Фернандез и покрај истекувањето на рокот кој …