Дома Фудбал Палмер заработил бизарна повреда во својот дом, ќе пропушти два големи дерби натпревари

Палмер заработил бизарна повреда во својот дом, ќе пропушти два големи дерби натпревари

Играчот на Челзи, Кол Палмер, доживеа повреда што ќе го оддалечи од фудбалските обврски во наредните неколку недели.

Се работи за необична повреда која се случила дома, каде што Палмер во еден инцидент си го скрши прстот на ногата.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Поради ова, тој ќе го пропушти утрешниот дуел на Челзи против Барнли, како и два значајни дербија што претстојат на клубот, бидејќи „сините“ следната недела се соочуваат со Барселона и Арсенал.

“Прстот му е скршен… Кол речиси се опорави од повредата на препоните, но сега има овој мал проблем”, изјави тренерот Маерска на прес-конференција, потврдувајќи дека Моисес Каиседо и Енцо Фернандез ќе бидат подготвени за натпреварот против Барнли.

Досега, Палмер има сезона за заборав со бројни проблеми со повреди, поради што одигра само четири натпревари и постигна два гола, не вклучувајќи ги настапите на Светското клупско првенство летово.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Слот: Ни недостасува Жота, секогаш…

Изјавата на Енди Робертсон по пласманот на Шкотска на Светското првенство, конечно, ја отк…