
Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Кардиф го игра решавачкиот натпревар против Велс за второто место во групата од квалификациите за Светското првенство 2026.
За да го задржи второто место и да обезбеди поповолен ривал во баражот, на Македонија ѝ е доволен и нерешен резултат. Селекторот Благоја Милевски порача играчите да уживаат во натпреварот, додека капитенот Енис Барди истакна дека иако ќе има помалку навивачи на стадионот, знаат дека целата држава е со нив.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Домаќинот Велс влегува во мечот значително ослабен без суспендираните Итан Ампаду и Џордан Џејмс. Селекторот на Велс, Крег Белами, изрази почит кон македонскиот стил на игра, предупредувајќи на опасните контранапади.
Македонија веќе има обезбедено пласман во плејофот преку Лигата на нации, но денешниот резултат е клучен за тоа против кого ќе игра во баражот и каква стартна позиција ќе има.