Дома Фудбал По интервјуто на Димитриевски кај Лазаров, отпуштен спортскиот директор на Валенсија!

По интервјуто на Димитриевски кај Лазаров, отпуштен спортскиот директор на Валенсија!

По уште една лоша сезона, одговорноста мораше да се преземе во Валенсија.

Не се само слабите резултати причина за проблемите, туку незадоволството се чувствува и меѓу играчите. Македонскиот голман Столе Димитриевски неодамна во подкастот на „Лазаров“ зборуваше за постоењето на договор кој му овозможува на новиот голман Агирезабала, дојден на позајмица од Билбао, да биде на голот и му дава предност.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Димитриевски поточно раскажа дека минатата сезона останал без стартна улога бидејќи Ливерпул одлучил да го остави на позајмица Мамардашвили уште една година, но додадее и дека бил шокиран кога дознал дека Агирезабала имал клаузула во неговиот договор, според која мора да брани на најмалку 30 проценти од натпреварите, во спротивно клубот ќе мора да палти пенали на Атлетик.

Токму поради тоа Валенсија денеска со кратко соопштение потврди дека е отпуштен спортскиот директор, Мигел Анхел Корона.

Клубот соопшти на официјалната веб-страница дека му изразува благодарност на Корона во две реченици и сега е во потрага по нов спортски директор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Сити има „план Б“: Ова се трите тренери кои се најголеми фаворити да го наследат Гвардиола

Пеп Гвардиола веќе десет години е на чело на Манчестер Сити и за тој период постигна бројн…