
Претседателот на Барселона Жоан Лапорта даде интервју за “Радио Каталуња”, во кое го коментираше неочекуваното појавување на Лионел Меси на обновениот “Спотифај Камп Ноу”, последниот скандал кој вчера избувна помеѓу клубот и националниот тим на Шпанија поради Ламин Јамал, како и начинот на живот на големиот талент од Каталонија.
“Го прифатив добро. Тоа беше спонтан чин на неговиот барселонски дух. Не знаев дека Лео ќе дојде, но “Спотифај Камп Ноу” е неговиот дом. Мислам дека влегувањето на стадионот е убава приказна, откако ми објаснија како се случи. Тој едноставно завршил со вечерата, се шетал со пријателите и спонтано му се посакало да влезе на стадионот. Соодветно е Лео да има најубавиот бенефис во светот. Кога сè ќе заврши, ќе имаме капацитет од 105.000 навивачи на стадионот, па затоа би сакале тоа да се случи. Работиме за тоа.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Неговото заминување не се случи како што сите посакувавме, но ситуацијата е таква каква што е. Сепак, не жалам за ништо. Барса е над сите други. Ако на некој начин таков бенефис може да компензира сè она што не се случи тогаш, а требаше да се случи, би било добро. Спекулациите за негово можно враќање како играч сепак не се вистинити.