Дома Фудбал Медиумите најавуваа враќање на Меси во Варселона, сега се огласи Лапорта!

Медиумите најавуваа враќање на Меси во Варселона, сега се огласи Лапорта!

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, изјави дека се „нереални“ шпекулациите за можното враќање на Лионел Меси во клубот како играч.

Запрашан за ненадејната посета на обновениот стадион Камп Ноу од страна на Меси, Лапорта за Радио Каталонија изјави дека сака да му организира чест на легендарниот аргентински фудбалер, но дека навивачите на Барселона не треба да се надеваат на враќање на својот идол.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Работите не завршија онака како што посакувавме. Ако на некој начин таа чест може да надомести за нешто што не беше направено, верувам дека тоа би било добро. Но, со целосно почитување кон Меси, кон сите професионалци во клубот и неговите членови, верувам дека таа шпекулација е нереална,“ рече Лапорта.

Станува збор за осумкратен освојувач на Златна топка, кој поради финансиски причини мораше неволно да го напушти клубот во 2021 година. На Инстаграм во неделата објави дека сака да се врати на Камп Ноу, „а не само да се збогува како играч“.

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња изрази желба повторно да живее во Барселона.

„Не знаев дека доаѓа, но Камп Ноу е негов дом. Сметам дека тоа беше еден мал, спонтан и пријателски гест,“ изјави Лапорта.

Тој додаде дека клубот моментално работи на тоа да му обезбеди на Меси „најголемата чест во светот“ кога ќе се заврши обновата на стадионот „пред 105.000 навивачи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик по паузата го очекуваат две одлични вести

Фудбалерите на Барселона пред да заминат на ноемвриската пауза успеаја да му се приближат …