
ВЕЈН РУНИ сурово ја критикуваше трансфер стратегијата на Манчестер Јунајтед од пред периодот кога ИНЕОС доби дел од сопственоста на клубот, нарекувајќи ја “катастрофална”.
Пол Погба го стави меѓу трите најнеобични засилувања во историјата на клубот. Поранешниот напаѓач на Јунајтед ја даде својата проценка за политиката на носење играчи пред доаѓањето на Џим Ретклиф и неговиот тим.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Пред крајот на 2023 година, кога ИНЕОС презеде дел од клубот, фудбалските операции ги водеше Ед Вудворд, извршен потпретседател од 2012 до неговата оставка во 2021 година. Неговиот мандат се совпадна со падот на Јунајтед од врвот на англискиот фудбал до клуб кој години наназад се бори за враќање на старата слава.
Коментарите на Руни ја отсликуваат фрустрацијата на навивачите кои гледаа како стотици милиони евра се вложуваат во играчи кои не ги оправдаа очекувањата. Враќањето на Пол Погба од Јувентус за тогаш рекордни 105 милиони евра, трансферот на Ромелу Лукаку од Евертон за 84 милиони евра и дури и краткото доаѓање на Златан Ибрахимовиќ без надомест, сега се гледаат како одлуки кои ја покажаа недостатокот на фудбалска визија.
Учествувајќи во емисијата The Overlap Fan Debate, Руни рече: “Донесувањето играчи во Манчестер Јунајтед претходно беше катастрофално. Само ги доведуваа најголемите имиња. Погледнете ги Лукаку, Златан и Погба. Тие се добри играчи, но клубот само ги доведуваше имињата и трошеше огромни суми на пари. Ќе биде потребно време за да се надминат тие грешки.”