
Новинарот Зеки Узундуркан донесе големи вести од Турција, а во главните улоги се Лео Меси и Галатасарај.
Според неговите наводи, челниците на тимот од Турција се во контакт со ѕвездата од Аргентина и Меси би можел да дојде во Галатасарај и да потпише договор на четири месеци.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Сè предизвика вистински хаос на социјалните мрежи бидејќи навивачите на тимот од Турција го преплавија Меси со пораки на социјалните мрежи, а сите бараат од него исто.
“Дојди во Галатасарај”, е јасната порака што навивачите на овој тим му ја упатија на Меси.
Се чини дека Галатасарај започнал со реализација на трансфер кој би го разбранувал светот на фудбалот.
Претходно успеаја да го доведат Leroy Sane и Victor Osimhen, но доколку успеат да го доведат и Меси, тоа би бил голем потфат.
<Меси би можел да дојде на 4 месециНовинарот Зеки Узундуркан тврди дека Галатасарај веќе е во контакт со Меси кој е член на Интер Мајами.
“Меси би можел да дојде во Галатасарај за четири месеци. Скаутите на тимот од Турција веќе долго го следат внимателно, како и неговата ситуација”, тврди Узундуркан.
Тој истакна и дека раководството на Галатасарај веќе има подготвено финансиски план околу овој трансфер.
“Во МЛС, Меси заработува околу 10 милиони евра, а во Галатасарај се подготвени да му платат исто толку само за да го доведат,” вели Узундуркан.