Дома Фудбал Останато Најбизарен меч во историјата на УФЦ: Хрват беше пред победа, а потоа доби брутален нокаут (Видео)

Најбизарен меч во историјата на УФЦ: Хрват беше пред победа, а потоа доби брутален нокаут (Видео)

Хрватскиот борец Анте Делија синоќа го доживеа својот прв пораз во УФЦ натпреварување против Валдо Кортес-Акоста со нокаут во првата рунда.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако хрватскиот борец одлично го отвори мечот и за време на првата рунда беше сосема доминантен. Делија дури и со одличен удар го натера противникот да се потресе, што го натера судијата да го прекине мечот.

Меѓутоа, се покажа дека при серијата удари случајно го удрил Кортес-Акоста со прст в око, што овој го пријавил по прекинот.

Потоа беше прегледана снимката од спорната ситуација и беше одлучено мечот да продолжи.

Прекинот очигледно му беше од корист на противникот на Делија, бидејќи минута пред истекот на првата рунда го удри Хрватот во главата со одличен удар после кој тој падна.

Кортес-Акоста веднаш нападна на Делија и му даде неколку жестоки удари, поради што мечот беше прекинат, и на крајот Кортес-Акоста беше тој кој победи.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Џастин Гејчи го шокираше целиот свет и му го промени личниот опис на Топурија (Видео)

Џастин Гејчи го изненади целиот свет. Во брутална борба, една од најголемите досега, која …