Дома Фудбал Видео: Играч на ПСЖ вреден 90 милиони евра го напушти теренот на носила, а стадионот на патерици

Видео: Играч на ПСЖ вреден 90 милиони евра го напушти теренот на носила, а стадионот на патерици

Во 10-то коло од француското првенство, ПСЖ не успеа да го победи Лориент (1:1), а загуби и еден важен играч.

Дезире Дуе (20), крилен напаѓач на шампионот на Франција и Европа, во 63-та минута од натпреварот падна додека трчаше и остана да лежи плачејќи од болка. Таа ситуација можете да ја погледнете ОВДЕ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Теренот го напушти на носила, а подоцна го напушти и стадионот со помош на патерици. Изгледа дека го повредил бутниот мускул на десната нога, но повеќе детали ќе бидат откриени во наредните денови. Дуе го напушти стадионот на патерици.

Ова е нова сериозна повреда за Дуе, кој неодамна се врати на теренот, бидејќи во септември пропушти шест натпревари поради повреда на листот. “Секогаш е лоша вест кога некој се повредува,” изјави Луис Енрике по натпреварот. “Станува збор за необична повреда и сеуште не знаеме колку е сериозна. Се надевам дека нема да биде тежок случај.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе со извршители си ги бара парите од ПСЖ!

Килијан Мбапе испратил судски извршител во Пари Сен Жермен за да побара 5.9 милиони евра о…