Дома Фудбал Ракитиќ доби тешка задача, избираше меѓу Меси, Иниеста и Чави: Тоа е како бират помеѓу мајка и татко (Видео)

Ракитиќ доби тешка задача, избираше меѓу Меси, Иниеста и Чави: Тоа е како бират помеѓу мајка и татко (Видео)

Пензионираниот хрватски фудбалер и некогашен играч на Севиља и Барселона, Иван Ракитиќ, се најде во непријатна ситуација каде требаше да избере помеѓу Лука Модриќ, Андрес Иниеста и Чави Ернандез.

Ракитиќ учествуваше во краток разговор со новинарка од DAZN, која го замоли брзо да одбере помеѓу двајца играчи и да го избере најдобриот играч на средниот ред.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Понудата вклучуваше пензионирани и активни фудбалери, претежно некогашни и сегашни членови на Реал Мадрид и Барселона.

Во текот на разговорот, Ракитиќ покажа наклонетост кон своите поранешни соиграчи од Барселона, но кога во прашање беше Лука Модриќ, тој го избра пред легендите на Барселона, Андрес Иниеста и Чави.

Соочен со тешкиот избор Ракитиќ изјави “тоа е како да бирате помеѓу мајка или татко”, но сепак се одлучи за Модриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дибала подготвува враќање кое го тресе континентот

Пауло Дибала би можел наскоро да направи еден од најголемите трансфери во аргентинскиот фу…