Дома Фудбал Слот: Против Брентфорд бевме најлоши од сите четири порази

Слот: Против Брентфорд бевме најлоши од сите четири порази

Шампионот на Англија вчера вечер во Лондон загуби од Брентфорд со резултат 3:2 во деветтото коло од Премиер лигата, запишувајќи четврти последователен пораз во првенството и ако Арсенал денес го совлада Кристал Палас, ќе има седум бодови помалку од лидерот на табелата.

Менаџерот на Ливерпул Арне Слот беше видливо разочаран по натпреварот, за кој тој тврди дека Ливерпул беше најлош од почетокот на сезоната.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Според мое мислење, нашата денешна игра е најлоша од сите четири последователни порази. Не ги извршивме основите како што треба низ целото прво и во поголемиот дел од второто полувреме. Знаевме дека можат да не загрозат од прекини и контранапади и така примивме голови. Тоа е недозволиво”, рече холандскиот стручњак.

Мохамед Салах игра очајно, иако на крајот постигна гол за конечните 3:2.

„Ако Мо влезе во серија на постигнување голови, тоа дефинитивно ќе биде важно за нашиот тим”, заврши Слот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Играше на Светско првенство, а сега е бездомник: Девојка се шокирала кога дознала на кого секој ден му дава храна (Видео)

Една девојка на Инстаграм сподели трогателна и тажна животна приказна на главниот лик. Отк…