Дома Фудбал „Сантијаго Бернабеу“ денес е центарот на светот – се игра „Ел Класико“

„Сантијаго Бернабеу“ денес е центарот на светот – се игра „Ел Класико“

Сите натпревари денес во Европа и светот паѓаат во втор план, кога ќе се сретнат Реал и Барселона, времето како да запре.

На легендарниот Сантијаго Бернабеу домаќинот Реал го пречекува актуелниот шампион на Шпанија, екипата на Барселона.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Тоа ќе биде дуел на двете водечки екипи во Ла Лига – Реал е прв со 24 бода, додека Барселона има два помалку.

Изгледа дека тимот на Чаби Алонсо го дочекува мечот во нешто помирна атмосфера.

„Лос Бланкос“ го имаат речиси комплетниот состав, што им дава дополнителна самодоверба.

Од друга страна, Барселона доаѓа во Мадрид со вистинска „болница“ од повредени играчи.

Покрај тоа, тимот ќе биде без тренерот Ханси Флик, кој поради црвен картон во минатото коло против Жирона е суспендиран.

Токму во тој меч шампионот тешко дојде до победа, со гол во судиското надополнување.

Иако и двата тима бележат победи во последните кола, ни Реал ни Барселона не ја поминаа сезоната без лузни.

Реал доживеа тежок пораз од градскиот ривал Атлетико со резултат 5:2, додека Барселона настрада од Севиља со 4:1.

Во Европа ситуацијата е обратна – Реал во Лигата на шампионите има стопроцентен учинок, додека Барселона веќе еднаш поклекна, и тоа против европскиот шампион ПСЖ.

Вечерашниот меч носи посебен набој бидејќи Реал бара одмазда за понижувањата од минатата сезона.

Четирите победи на Барселона од минатото првенство уште ги болат навивачите на „кралскиот клуб“.

Најмногу се памети дебаклот на Бернабеу, кога Барса „децата“ играа и славеа со убедливи 4:0.

Тука е и болното финале на Купот на Кралот во Саудиска Арабија, кога тимот на Ханси Флик го разби Реал со 5:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик доби засилување: Фудбалерот кој ја полуде Барселона е подготвен за „Ел Класико“

Младиот Шпанец блеска по враќањето од повредата и подготвен е во Ел Класико да заокружи не…