Дома Фудбал Одреден судија за „Ел класико“, во Каталонија громогласно го потсетуваат на „кражбата“ (Фото)

Одреден судија за „Ел класико“, во Каталонија громогласно го потсетуваат на „кражбата“ (Фото)

Искрите пред „Ел класико“ изгледаат посилни од кога било. Ламин Џамал јавно во емисија изјави дека „Реал Мадрид краде, а потоа гласно се жали дека е ограбен“, што предизвика гнев во “кралскиот” клуб.

Исто така, денес беше назначен и главниот судија, а тоа ќе биде – Сезар Сото Градо.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во Каталонија веднаш ја критикуваа оваа одлука на Ла Лига, бидејќи потсетија на познатата одлука да отповика гол во “Ел класико” во сезоната 2023/24.

Сигурно се сеќавате на оној корнер на Ламин Џамал, после кој Андриј Лунин ја изби топката од гол линијата, а ниту една камера наводно не можеше да утврди 100% дали таа ја преминала и влегла во голот.

Во Каталонија таа одлука долго не ја преизјадоа, особено бидејќи тоа ќе беше гол за водство на Барселона од 0:2, а подоцна Реал тој натпревар го доби со 3:2 со голот на Белингем во дополнителното време и потоа ја освои титулата.

Ако се погледне вкупната статистика, на Барселона и судел на 14 натпревари и Каталонците претрпеа пет порази, додека на Реал Мадрид му судел на 22 натпревари, а “кралскиот” клуб има два пораза.

Сепак, од Мадрид исто така имаат свои факти против Сото Градо, кој токму на Реал му покажал најмногу црвени картони во својата кариера.

Нема дилема дека Сото Градо ќе биде под голем притисок и за утрешниот натпревар на “Сантијаго Бернабеу”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дочека: Ветеранот Варди го постигна првенецот во Серија А! (Видео)

Поранешниот англиски репрезентативец, Џејми Варди вечерва го постигна неговиот прв гол во …