
Седум години – толку помина помеѓу двете фотографии кои го одбележаа животот на Чендрим Камерај. Од соништа во црно-бел дрес на Јувентус и соблекувалната со Кристијано Роналдо, до канцеларија во градежна фирма. Не е сценарио од филм, туку реалност на младиот Швајцарец со косовско потекло.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Камерај, роден 1999 година, се сметаше за еден од најголемите таленти во Швајцарија. Понудата од Јувентус ја прифати како остварување на сонот, а можноста да дели терен со Роналдо ја сметаше за привилегија која малкумина ја доживуваат.
– Кога пристигна понудата од Јувентус, не можев да поверувам. Бев горд, возбуден и малку нервозен бидејќи знаев колку е тоа голем чекор. Роналдо? Неверојатен. Неговата енергија и работна етика се заразни. Еднаш ми рече: ‘Талентот не значи ништо без доследност и напорна работа’ – и тоа ми остана врежано – изјави Камерај за “GianlucaDiMarzio.com”.
Но, животот брзо му го заврте грбот. Пукна му е преден вкрстен лигамент – не еднаш, туку три пати. Телото рече “не”, и Камерај морав да ја донесе најтешката одлука – да му каже “доста” на фудбалот. На 25 години.
– Можеби можев да бидам потрпелив, да го слушам телото порано… но не се обвинувам себеси. Го направив она што тогаш го сметав за правилно. Каењето не ја менува минатата – вели Камерај.
Денес, наместо на теренот, Камерај работи како консултант во фирмата ICM Bau, која се занимава со регрутација на работници за градежната индустрија. Иако понекогаш оди и на терен, неговото секојдневие сега е – канцеларија.