Дома Фудбал Роналдо доби отворена покана да се врати во поранешениот клуб: Тоа би било совршено!

Роналдо доби отворена покана да се врати во поранешениот клуб: Тоа би било совршено!

Кристијано Роналдо доби поканна да се врати во Спортинг и да ја заврши својата кариера на местото каде што започна неговиот пат кон славата, дури и ако тоа значи да се откаже од дресот со број седум. Во Лисабон тој го започна патот кон својот статус на суперѕвезда, а идејата за враќање во клубот од каде што потекнува често се споменува како перфектен крај на неговата рекордна кариера, пишува goal.com.

Сепак, се чини дека португалската ѕвезда сè уште не е подготвен за тој чекор. Тој неодамна потпиша нов двегодишен договор со Ал-Наср од Саудиската Про Лига, кој планира да го задржи во клубот и по неговиот 42. роденден. Ова неизбежно отвора прашање колку време КР7 може да игра на врвно ниво.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Со години одржува совршена физичка форма, што му овозможи легендарно ривалство со Лионел Меси. И двајцата се уште се во одлична форма и би можело да се сретнат повторно на Светското првенство 2026 година.

Во својата кариера, Роналдо освои речиси сè, освен светската титула со Португалија, и сега си поставува нови цели, како постигнување на 1000 голови. Можноста за враќање во Спортинг за големо збогување во својата татковина сигурно е примамлива.

Неговиот поранешен соиграч, Рикардо Са Пинто, се надева токму на таков развој на настаните. “Би било неверојатно да го видиме како ја завршува кариерата во Спортинг. Би било тоа најдобро и прекрасно патување за сите. Кога сакате фудбал како Кристијано, знаете дека постојат приказни кои се случуваат само еднаш. Би било тоа навистина убаво, навивачите на Спортинг го заслужуваат тоа. И тој, секако,” изјави за Марка.

Са Пинто додаде дека бројот на дресот нема да биде пречка. “Носев број 7 за Спортинг, но тоа скоро стана несреќен број. Би сакал да се врати, дури и со друг број. Важно е тој да се врати. Завршувањето во Спортинг би било фантастично за сите.”

Са Пинто го истакна Роналдовото незапирливо стремење кон успехот: “Тој е феномен. Кристијано е најдобриот играч во историјата на Португалија и еден од најдобрите во светот. Страста што ја имаше тогаш, идентична е и денес. Уште е гладен, сака да поставува рекорди и сега подобро знае како да управува со своето тело и своите напори. Тоа е импресивно.”

<
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дали Нејмар ќе игра на Мундијалот? „Ништо не му должам…“

По ждрепката за Светското првенство 2026 во Канада, Мексико и Соединетите Американски Држа…