
Мирко “Кро Кап” Филиповиќ, хрватската боречка легенда, се враќа во рингот по шестгодишна пауза во спектакуларна егзибиција против последниот цар, Фјодор Јемалененко, пренесува Вечерњи лист.
Двобојот меѓу овие икони на боречките спортови ќе се одржи дваесет години по нивниот прв и единствен судир во Саитама на 28 август 2005 година. Тогаш Фјодор го победи Мирко во борба која беше прогласена за една од најголемите ММА борби на сите времиња, а потоа никогаш повеќе не се сретнаа.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
За разлика од оригиналната борба, овој реванш ќе се одвива по боксерски правила, Кро Кап има 51 година, а Јемалененко 48. Борбата првично требаше да се одржи во Јапонија, каде и двајцата борци уживаа култен статус, но настанаа проблеми со достапност на салите, па организаторите бараат замена за локација.
Мирко и негово враќање е особено значајно со оглед на тоа дека во 2019 година се повлече од професионалниот спорт откако преживеа мозочен удар. Тогаш категорично изјави: “Никогаш повеќе нема да влезам во ринг, не смеам да дозволам некој да ме удри.” Сепак, најновите здравствени прегледи очигледно потврдиле дека Кро Кап е подготвен за овој судир.
И покрај формалното повлекување, Мирко никогаш не престана да тренира. Секојдневно се подготвува во својата сала во Загреб. Оваа континуирана активност го одржа во извонредна физичка форма, што му овозможува враќање во рингот на ветераниски години.