Дома Фудбал Челси остана без најголемата ѕвезда – ќе пропушти пет натпревари

Челси остана без најголемата ѕвезда – ќе пропушти пет натпревари

Челси, актуелниот светски клупски шампион, пред неколку дена славеше со 2-1 над Ливерпул, но на тој натпревар не настапи Кол Палмер поради повреда. Првично се очекуваше младиот офанзивец да биде подготвен веднаш по репрезентативната пауза, но најновите информации велат дека ситуацијата е посериозна.

Според „Би-Би-Си“, Палмер има повреда што ќе го оддалечи од терените најмалку до ноември. Тренерскиот штаб на „сините“ наводно одржал состанок и одлучил да не ризикува со негово предвремено враќање, со цел целосно да се заштити здравјето на играчот.

Ова значи дека Англичанецот ќе ги пропушти претстојните дуели против Нотингем Форест, Ајакс, Сандерленд, Вулверхемптон и Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул продолжува да се интересира за Баркола. ПСЖ го држи надвор од тимот

Бредли Баркола останува главна цел на Ливерпул во последните денови од трансфер периодот. …