Дома Фудбал Останато Нокаутот не можеше да биде побрутален! Дали знаете дека е бивш фудбалер: Бил застрелан, има куршум во вилицата и го сака Јунајтед (Видео)

Нокаутот не можеше да биде побрутален! Дали знаете дека е бивш фудбалер: Бил застрелан, има куршум во вилицата и го сака Јунајтед (Видео)

Салата „Јунајтед центар“ во Чикаго беше местото на неверојатни и атрактивни ММА борби во 319-от спектакл организиран од УФЦ.

Иако главната борба на вечерта помеѓу Дрикус Ду Плесис и Хамзат Чимаев привлече најголемо внимание, шоуто на Јужноафриканецот и Чеченот кој се бори под знамето на ОАЕ, беше украдено од Лерон Марфи.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Борбата помеѓу Англичанецот Лерон Марфи и Американецот Арон Пико беше дефинитивно најатрактивната тогаш во Чикаго. Неверојатниот Марфи го задржа статусот на непобедливост, а со неверојатен нокаут истовремено ја воодушеви и шокираше публиката.

Тоа беше спектакуларен удар со лакот, кој несреќниот Пико го испрати во царството на соништата. Американецот само падна, со отворени очи и стегнати заби. Лекарите мораа да го враќаат во живот неколку минути и за среќа, успеа да дојде на себе, а по излегувањето од октогонот беше однесен во клиника. Дефинитивно, ова беше еден од нокаутите на годината.

А, приказната за Лерон Марфи е неверојатна. Роден е пред 34 години во Манчестер и од мали нозе сакаше да игра фудбал за Јунајтед, чиј голем навивач е. Беше многу талентиран за фудбал, до толку што како дете беше повикан во Ливерпул да се приклучи на нивната позната фудбалска академија.

Лерон Марфи направи она што можеби би го направил промил од момчињата. Се заблагодари на луѓето од Ливерпул и рече дека неговиот сон е да игра за Манчестер Јунајтед, за кого навива откако знае за себе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Потврден големиот спекткл: Мекгрегор ќе се бори во Белата куќа!

Ирскиот борец Конор МекГрегор потврди дека ќе се влезе во октагонот на спектакуларен УФЦ н…