Дома Фудбал Македонија У21 ќе игра со Ерменија и Црна Гора – селекторот Станиќ го објави списокот на фудбалери

Македонија У21 ќе игра со Ерменија и Црна Гора – селекторот Станиќ го објави списокот на фудбалери

Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Горан Станиќ го објави списокот со повикани фудбалери за натпреварите против Ерменија (10. октомври, „Петар Милошевски“, Битола) и против Црна Гора (14. октомври, Подгорица) од квалификациите за ЕП 2027.

На списокот на селекторот Станиќ се следните 23 фудбалери:

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Голмани: Васко Василев (Работнички), Љупче Џеков (Силекс), Славе Вргов (АП Брера);

Одбрана: Давид Даилоски (Венло, Холандија), Андрија Димески (Вождовац, Србија), Андреј Аризанкоски (АП Брера), Анес Мелиќи (Шкендија), Ѓорге Џеков (Силекс), Нуман Ајетовиќ (Шкендија), Меметриза Хамза (Струга Трим Лум), Џезаир Авдули (Арсими);

Среден ред: Матеј Ангелов (Работнички), Шабан Зенку (Струга Трим Лум), Адриан Зенделовски (Олимпик, Шведска), Теодор Николовски (Работнички), Мартин Ѓоргиевски (Збројовка Брно, Чешка), Матеј Гаштаров (Црвена Звезда, Србија);

Напад: Михаил Талевски (Вардар), Димитар Данев (Вардар), Кире Стојанов (АП Брера), Мухамед Елмас (Македонија Ѓ.П.), Дашмир Елези (Работнички), Димитар Трајков (Работнички);

Горан Станиќ – селектор на Македонија до 21 година:

„Во составот има само една промена во однос на претходните натпревари. Шабан Зенку со добрите игри во Струга заслужи место и се надевам дека на прав начин ќе ја зголеми конкуренцијата во тимот.

На двата натпревари против Ерменија и Црна Гора одиме на победа. Мислам дека сме подготвени, одредени моменти од дуелите против Полска и Италија ни даваат за право да бидеме оптимисти. Верувам во оваа група фудбалери, атмосферата во тимот е одлична и сигурен сум дека со поддршката на навивачите во Битола, ќе покажеме вистинска енергија и борбен дух. Очекуваме победа дома, бидејќи знаеме колку ни значат трите бода за продолжување на квалификациите“.

Македонската репрезентација до 21 година квалификациите за пласман на ЕП 2027 ги отвори со два порази од фаворитите во групата, против Полска загубивме со 3:0 на гостински терен, а во Битола, Италија славеше со минимални 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Антони го нападна Манчестер Јунајтед: Не ме почитуваа, дури и „добро утро“ не ми кажуваа

Во интервју за ESPN Brasil, Антони го обвини Манчестер Јунајтед за непочитување поради одн…