
Барселона и Пари Сен Жермен одиграа многу квалитетен, динамичен и интересен натпревар, во кој гостите стигнаа до пресврт и драматична победа со 2:1 во второто коло од главната фаза на Лигата на шампионите.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Феран Торес го отвори резултатот во 19-та минута, а Сени Мајулу изедначи во 38-та минута. Потоа двата тима не престанаа да напаѓаат и да ја бараат победата.
До неа стигна актуелниот носител на трофејот по голот на Гонсало Рамош во 90-та минута. Ова беше трета последователна победа на париските гости против Барселона како гости.
Луис Енрике имаше доста проблеми со повредени играчи, како што шпанскиот тренер не може да се потпре на Осман Дембеле, Хвиџа Кварацхелија, Дезире Дује и Маркињос. Големите изненадувања беа- 19-годишниот Сени Мајулу започнува на врвот на нападот, а 17-годишниот Ибрахим Мбаје ќе игра како десно крило. Двајцата дебитираа во Лигата на шампионите.