Дома Фудбал Вечерва големо дерби во Лигата на шампонните!

Вечерва големо дерби во Лигата на шампонните!

Вечерва ќе се одиграат преостанатите натпревари од второто коло на новата сезона на Лигата на шампионите, при што средиштето на вниманието ќе биде големиот судир помеѓу Барселона и ПСЖ на стадионот Монтжуик во Каталонија.

Барса и ПСЖ ќе го играат најголемото дерби во досегашниот тек на Лигата на шампионите, а нивната пресметка ќе биде во апсолутен фокус вечерва, бидејќи ова е без сомнение најинтересниот дуел на програмата.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


Двата тима ја отворија сезоната во Лигата на шампионите со победа во првото коло, при што Барселона го совлада Њукасл на гости со 2:1, додека ПСЖ на домашен терен ја декласираше Аталанта со 4:0.

Барселона ја започна новата сезона во извонредна форма, со пет победнички натпревара по ред во сите натпреварувања и се уште не знае за пораз. Тимот на Ханзи Флик има еден нерешен резултат, оној против Рајо Ваљекано во 3. коло на Ла Лига, додека во останатите седум натпревари извојува победи.

Последната меѓусебна средба помеѓу Барса и ПСЖ беше во сезоната 2023/24 на Лигата на шампионите, кога се соочија во четвртфинале, а францускиот тим продолжи понатаму со вкупен резултат 6:4.

На терените вечерва ќе излезат и Манчестер Сити и Арсенал. Граѓаните ќе гостуваат на Монако, додека Топџиите на својот Емирати стадион ќе ја пречекаат екипата на Олимпијакос, против која се сметаат за апсолутен фаворит.

Распоредот на вечерните натпревари можете да го видите подолу:

18:45 Карабах – Копенхаген

18:45 Ројал Унион СГ – Њукасл

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гундоган откри: Фудбалер на Ливерпул имал неверојатно прашање за пеколот во Истангул

Навивачите на Ливерпул искaжаа незадоволство откако Илкај Гундоган откри што го прашал еде…