Дома Фудбал Гвардиола бил шокиран од одлуката на ветеранот во Сити, подготвува „одмазда“?

Гвардиола бил шокиран од одлуката на ветеранот во Сити, подготвува „одмазда“?

По неуспехот од минатата сезона, Манчестер Сити конечно се враќа на вистинскиот пат, но одлуката на долгогодишниот миленик на Гвардиола, го вознемири тренерот на „Етихад“.

Втората половина од минатата сезона беше разочарување за граѓаните, кои беа далеку од очекуваните успеси во сите натпреварувања. Сите погледи сега се насочени кон враќањето на врвот и во Англија и во Европа.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Летово, Пеп направи неколку значајни промени во играчкиот кадар, и се раздели со дел од искусните фудбалери кои долго време го држеа тимот заедно, но мала група сепак остана да се бори под неговото водство.

Еден од оние кои останаа е Бернардо Силва, кој е јасен фаворит на Гвардиола, нешто што шпанскиот стратег никогаш не го крие. Но, дури ни во најлудите сни не можеше да замисли дека ласкавите зборови на португалскиот играч ќе се претворат во таков удар.

Според изворите, пред неколку дена Силва соопштил на шпанскиот тренер вести кои за него биле шокантни.

Со медиумски натписи од The Sun се наведува дека Силва одлучил да го напушти Манчестер Сити и го одбил новиот договор што му беше понуден, а најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија.

Известувањата велат дека Силва сето тоа му го пренел на Гвардиола пред неколку дена, потег кој го исфрлил шпанскиот тренер од рамнотежа, бидејќи тој очекувал португалскиот полуфудбалер да го продолжи договорот до летото 2027 година, и самиот побарал клубот што побрзо да му испрати понуда.

Сепак, Силва го уверил Гвардиола дека останува фокусиран на Манчестер Сити до крајот на оваа сезона. Меѓутоа, веќе се шпекулирра дека шпанскиот тренер подготвува остра „одмазда“ бидејќи се чувствува изневерен од оваа одлука.

Гвардиола размислува целосно да го исфрли Силва од првиот тим, принудувајќи го во јануари да побара нов клуб. Очекувањата се дека неговото време на теренот ќе се намалува како што прогресира сезоната, а тоа не би било првпат Пеп да преземе таков потег.

Претходно, имало и други примери кога Гвардиола одговарал на играчи кои не одговарале на неговите планови, а сите тие на крај го напуштија Манчестер Сити во првата прилика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новото правило на ФИФА на дело: За првпат искористен зелен картон

Светското првенство за играчи до 20 години, кое започна овој викенд во Чиле, донесе ново п…