Дома Фудбал Ѕвездите на Барселона го смируваа 17-годишникот кога слушнал што му кажал Флик: Сè се случуваше во хотелот

Ѕвездите на Барселона го смируваа 17-годишникот кога слушнал што му кажал Флик: Сè се случуваше во хотелот

Барселона синоќа пред своите навивачи по пресвртот го совлада Реал Сосиедад (2:1) во рамките на седмото коло од шпанската Ла Лига. Во центарот на вниманието беше младиот Педро Фернандез кој дебитираше за Барселона и откри што се случувало неколку часа пред почетокот на натпреварот.

Каталонскиот клуб се врати на Монжуик и успеа тоа да го круниса со три нови бодови со кои ја презедоа лидерската позиција и го искористија киксот на Реал Мадрид.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Барселона и Сосиедад одиграа одличен натпревар во кој видовме голем број шанси, а на крајот по пресвртот домашниот тим успеа да победи со 2:1.

Сосиедад ја шокираше Барселона во 31. минута кога поведе со 1:0 со голот на Одриосола со кој ги казни домашните за неколкуте промашени зицери.

Но, тој гол не ги потресе многу домашните бидејќи Барса оваа сезона веќе неколку пати успеа да се врати “од минус” и на крајот да победи, а такво сценарио видовме и синоќа на Монжуик.

Барселона се врати во 43. минута кога по корнер погоди со глава за 1:1 Жул Кунде.

До целосен пресврт домашниот тим стигна средината на второто полувреме, а клучниот потег беше што Ханси Флик од клупата го воведе Ламине Јамала. За само 30-тина секунди му требаше на Јамал да направи разлика на теренот и да донесе пресврт за Барселона.

Јамал одлично помина по десната страна и центрираше, а највисок во казнениот простор на Сосиедад беше Роберт Левандовски кој постигна гол за 2:1 на голема радост на навивачите.

Флик со тој потег го изненади и овој 17-годишник кој откри како дознал дека ќе биде на терен во почетниот состав.

„Сè се случуваше во хотелот. Кога тренерот ми рече дека ќе започнам натпреварот, не можев да поверувам. Бев многу нервозен, службениот дебитантски настап е нешто единствено, а првиот пат е навистина посебен”, вели Фернандез и продолжува.

„Играчите и тренерот ме смирија, ми рекоа дека добро знам што правам на тренинг, тоа ми даде самодоверба. Сега морам да продолжам да работам за да добијам повеќе минути и подобри шанси, но, да, многу сум среќен”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лапорта ги израдува навивачите: Важен потпис во Барселона, клаузулата е 500 милиони евра!

Како што беше објавено во текот на минатата недела,Барселона официјално го соопшти обновув…