Дома Фудбал Уништенa e кариерата на големата ѕвезда, не може повеќе да направи ни чекор: Се молам за чудо

Уништенa e кариерата на големата ѕвезда, не може повеќе да направи ни чекор: Се молам за чудо

Некогашната фудбалска ѕвезда Жерард Деулофеу е веќе речиси три години надвор од теренот. Задоби сериозна повреда на коленото на почетокот на 2023 година и неговата кариера веројатно е завршена бидејќи враќањето изгледа невозможно.

Некогашната фудбалска ѕвезда Жерард Деулофеу е веќе речиси три години надвор од теренот. Задоби сериозна повреда на коленото на почетокот на 2023 година и неговата кариера веројатно е завршена бидејќи враќањето изгледа невозможно.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Последниот ангажман го имаше во италијанска Удинезе. Пет години беше член на овој клуб, а договорот со него беше завршен ова лето.

Деулофеу не играше речиси две и пол години за овој клуб. Сега е слободен играч и сонува за враќање на теренот, иако повредата на коленото е навистина сериозна.

Во разговор за англиските медиуми истакна дека е моментално блиску до траен инвалидитет. Не може правилно да направи чекор.

„Ова е многу повеќе од повреда, блиску до траен инвалидитет, како да имам протеза во коленото. Не можам да направам чекор бидејќи коската удира во кост и тоа е сериозна работа. Се борам против биологијата и мојата глава. Борбата трае веќе две години, имам среќа што сите од мојот тим се со мене”, рече Деулофеу.

Иако е речиси инвалид, тој сонува за враќање на теренот.

„Ќе биде тешко, но сакам да испишам историја. Верувам дека можам да станам играч кој бил најдолго отсутен од теренот и кој успеал да се врати.”

„Тоа за мене би било величествено. Се молам за чудо, а сакам тоа да го направам за моето семејство. Децата се родија знаејќи дека сум фудбалер, сега сакам да ме видат на терен”, порача Деулофеу.

Шпанскиот фудбалер има 31 година и може да се каже дека неговата кариера е завршена. Тешко е да се верува дека ќе се врати на теренот без оглед на многуте надежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар моќно – го прегази Арсими на стартот од вториот дел од сезоната!

Лидерот во ПМФЛ, Вардар, со силна и убедлива партија го стартуваше пролетниот дел од сезон…