
Крилото на Манчестер Сити Савињо е блиску до договор со клубот за нова соработка. 21-годишниот фудбалер дојде од Троа во 2024 година. Од тогаш има одиграно 48 натпревари за „граѓаните“ и има постигнато три гола. Летово имаше понуда за него од Тотенхем, но трансферот не се оствари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бразилскиот репрезентативец одигра четири натпревари од почетокот на сезоната и го постигна првиот свој гол во натпреварот против Хадерсфилд во Купот на лигата. Денес Пеп Гвардиола ги коментира неговите квалитети:
„За напаѓачите секогаш броевите се важни – голови и асистенции. Савињо создаваше многу минатата сезона, но во завршната фаза беше малку хаотичен. Сè уште учи, бидејќи е многу млад. Тој ќе биде играч од највисока класа, бидејќи може да игра на двете крила, има брзина и многу работи. Ќе направи тој чекор и ќе биде топ играч за Ман Сити.