Дома Фудбал Трамп: Можна промена на домаќините на Светското првенство 2026

Трамп: Можна промена на домаќините на Светското првенство 2026

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека е подготвен да ги премести натпреварите од Светското првенство по фудбал во 2026 година од одредени градови домаќини на други локации, доколку оцени дека безбедноста не е доволно загарантирана.

„Безбедноста ќе биде обезбедена за Светското првенство. Ако оценам дека во некои градови не е така, натпреварите ќе бидат префрлени во други градови“, изјави Трамп.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тој додаде дека нема да дозволи одржување на натпревари во места кои ќе се сметаат за и најмалку ризични.

– Ако мислиме дека некој град е дури и малку опасен за Светското првенство или Олимписките игри, особено за Светското првенство бидејќи се игра во толку многу градови, нема да дозволиме натпреварите да се одржат, туку ќе ги преместиме – рече Трамп.

Меѓу градовите домаќини се и упориштата на Демократската партија, како што се Лос Анџелес (8 натпревари), Сан Франциско (6) и Сиетл (6). Администрацијата на Трамп оваа година распореди Националната гарда во повеќе градови под демократска управа, вклучувајќи го и Лос Анџелес, и покрај спротивставувањето на локалните власти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вo Арсенал се обиделе да ангажираат играч од Баерн Минхен на крајот од јануари

Лидерот во Премиер лигата, Арсенал, направил изненадувачки потег и се обидел да го привлеч…