Дома Фудбал Манчестер јунајтед мисли на иднината – ќе ангажира 16-годишен голман!

Манчестер јунајтед мисли на иднината – ќе ангажира 16-годишен голман!

Голманите кои минуваат низ младинската школа на Манчестер Јунајтед ретко добиваат шанса да бранат за првата екипа од Олд Трафорд

Манчестер Јунајтед е близу до реализација на трансферот на 16-годишниот голман Чарли Харди, кој брани за кадетската екипа на второлигашот Дерби Каунти, објавија британските медиуми.

Талентираниот голман досега има пет настапи за кадетската репрезентација (У16) на Англија. Младиот голман ќе се приклучи на младинската школа на Црвените ѓаволи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Голманите кои завршуваат од младинската школа на Манчестер Јунајтед ретко добиваат шанса да бранат за првата екипа на Олд Трафорд. Во последните 40 години, само Дин Хендерсон (28), сегашниот голман на Кристал Палас, доби шанса да бранат за првата екипа на Јунајтед. Во сезоната 2020/21, тој оствари 26 настапи, а потоа беше заменет од Шпанецот Давид де Хеа.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ако сега не се ишиша нема кога – Јунајтед го чека идеален распоред!

Манчестер јунајтед за викендот минимално го совлада Њукасл (1-0), триумф кој на хартија ва…