
Манчестер Јунајтед договори да го доведе младиот талент Кристијан Ороско, пренесува ДПА. Колумбискиот тинејџер е дел од идните планови на раководството на “црвените ѓаволи” за зајакнување на тимот.
17-годишниот играч за среден ред носи дрес на Форталеса во својата татковина. Тој е второто ново засилување за 20-кратниот шампион на Англија од Јужна Америка според проверена формула.
ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*
Диего Леон од парагвајскиот Серо Портењо исто така потпиша прелиминарен договор со клубот од Премиер лигата порано оваа година, пред неговото доаѓање летово. Ороско ќе се приклучи на Јунајтед кога ќе наполни 18 години во наредниот јули.
Играчот за среден ред ја водеше со капитенската лента репрезентацијата на Колумбија до финалето на првенството на Јужна Америка до 17 години во април.