
Јапонските имиграциони власти депортираа 22 лица од Пакистан кои лажно се претставувале како членови на фудбалски тим, во обид да влезат нелегално во Јапонија за “подобар живот”.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Група од 22 Пакистанци беше уапсена во Токио откако се обиделе да влезат во Јапонија користејќи фалсификувани документи, претставувајќи се како дел од фудбалски тим наводно поканет на некој турнир.
Организаторот на оваа шема, Малик Вaкас, наводно наплаќал на секој член на групата околу 4 милиони пакистански рупии (приближно 14.400 долари) за лажни визи и документација, ветувајќи им влез во Јапонија и можност за вработување.
Јапонските власти открија измамата по проверката на документацијата на аеродромот во Токио, каде се забележани недоследности во поканите и апликациите за визи. Групата веднаш беше приведена, а по истрагата депортирана назад во Пакистан.