Дома Фудбал Манчестер Јунајтед во јануари се засилува од Шпанија

Манчестер Јунајтед во јануари се засилува од Шпанија

Од Манчестер Јунајтед продолжуваат да ја следат ситуацијата околу Конор Галахер и можно е да направат нов обид да го привлечат во зимскиот трансфер прозорец, информираат „Манчестер Ивнинг Њуз“ и „Мундо Депортиво“.

Од „Олд Трафорд“ се обидоа да го земат играчот на позајмица во последниот ден од летниот трансфер прозорец, но тогаш Атлетико Мадрид категорично ја одби понудата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Самиот фудбалер пак, и понатаму не може да се утврди како незаменлив стартер во селекцијата на „душекџиите“ и можно е да посака да си замине во зима, ако можноста да се најде на „Олд Трафорд“ постои.

На „Сивитас Метрополитано“ сè уште го гледаат Конор Галахер како важен фудбалер во проектот на тимот, но сепак би биле спремни да се разделат со играчот при солидна понуда. Двата изданија споменуваат сума од околу 60 милиони евра или малку над 52 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Каиседо потпиша договор со Челси до 2033-та и изјави: Сакам да станам легенда

Челси официјално објави дека Мојсес Каиседо потпишал нов долгорочен договор со клубот. Дог…