Дома Фудбал Милан се забавуваше против Лече, Нкунку со дебитантски гол

Милан се забавуваше против Лече, Нкунку со дебитантски гол

Милан лесно ги помина 1/16-финалите во турнирот за Купот на Италија. “Росонерите” го совладаа Лече со 3:0 на “Џузепе Меаца” и во наредната фаза на турнирот ќе играат против Лацио.

Головите ги постигнаа Сантиаго Хименес во 21-та минута, Кристофер Нкунку во 51-та и Кристијан Пулишиќ во 64-та минута. За Нкунку, ова беше негов прв гол за италијанскиот гигант.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Пред полувремето, Џамил Зиберт од гостите доби црвен картон, што ја направи задачата на неговите соиграчи невозможна. Лече загуби по втор пат оваа сезона од Милан, откако пред неколку недели исто така беше поразен со 0:2 на “Виа дел Маре” во натпревар од Серија “А”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Де Лаурентис: Стадионот на Наполи е ѓубре

Контроверзниот претседател на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, присуствуваше на фудбалскиот д…