Дома Македонски спорт Мак фудбал Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискиот Престон Лајонс и беше поразен со 2-4. Гостите први поведоа во 20. минута, но „црвено-црните“ брзо израмнија преку Едиз Спахиу, кој погоди по изведен корнер.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во второто полувреме австралискиот состав доминираше и во краток период од девет минути постигна два гола за убедливо водство. Вардар повторно се врати во игра благодарение на вториот погодок на Спахиу, овојпат од пенал, со што намали на 2-3.

Иако вардарци се обидуваа да дојдат до израмнување, Престон Лајонс во судиското надополнување постигна уште еден гол и го постави конечниот резултат 2-4.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…