Дома Фудбал Легенда на Валенсија го критикуваше тренерот поради Димитриевски: Не е фер тоа што му го прават!

Легенда на Валенсија го критикуваше тренерот поради Димитриевски: Не е фер тоа што му го прават!

Поранешниот чувар на мрежата на Валенсија, Санти Кањизарес, остро се нафрли на тренерот Карлос Корберан поради статусот на македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски, кој и понатаму останува само резерва.

Кањизарес смета дека кон Димитриевски е направена голема неправда и дека клубот требал да постапи поинаку.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Тренерот не го сака Димитриевски и тоа е јасно. Во ред тоа е негова желба и одлука, но ако си го довел бесплатно, најмалку што можеш да направиш е да го пуштиш да си замине. Односот на Валенсија не е фер“, изјави екс-голманот на клубот од „Месталја“.

Да потсетиме, македонскиот голман пристигна во Валенсија без обештетување со идеја да биде наследник на Мамардашвили, но наместо тоа сезонава шанса добива Жулен Агиврезаабала, додека Димитриевски останува во втор план.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спалети го сака Фратези во Јуве

Јувентус внимателно ја следи ситуацијата со играчот од средниот ред на Интер, Давиде Фрате…