Дома Останати Ракомет Македонските ракометарки го освоија „Трофеј Македонија“

Македонските ракометарки го освоија „Трофеј Македонија“

Турнирот „Трофеј Македонија“ во женска конкуренција заврши со реми (25:25) помеѓу селекциите на Тунис и Египет. Тој резултат на крајот им го донесе првото место на македонските ракометарки.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Египќанките беа поблиску до победа во самиот финиш, но Тунис со упорна игра успеа да избегне пораз. Нерешениот исход, пак, најмногу им одговараше на Македонките, кои благодарение на службената победа против Грција веќе беа на чекор до пехарот.

Со ова, Македонија заслужено се закити со трофејот во Охрид, додека зад неа се пласираа Грција, Египет и Тунис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар со нови термини во Лигата на шампионите: Променет распоредот за два европски дуели

Навивачите на Вардар ќе мора да направат корекција во своите планови, откако беа направени…