Дома Останати Тенис Нов голем скок на Ѓорческа: Сега е на чекор од топ 200 тенисерки во светот!

Нов голем скок на Ѓорческа: Сега е на чекор од топ 200 тенисерки во светот!

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, бележи нов скок на ВТА-листата и од денеска се наоѓа на 207. позиција, што е напредок од дури 32 места во однос на претходната недела.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Финалето во Букурешт ѝ донесе сериозен бодовен капитал, а враќањето меѓу најдобрите 200 тенисерки на светот е веќе на дофат. Ако успееше да ја совлада Австријката Лили Тагер во борбата за трофејот во романската престолнина, тоа ќе се случеше уште сега, но македонската тенисерка има шанса тоа да го оствари до крајот на годината.

Формата на Ѓорческа е во постојан подем, со оглед дека пред само еден месец, на средината од август, се наоѓаше на 355. место. Нејзиниот личен рекорд и понатаму останува 170. позиција, која ја достигна во 2017 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Познато е кога Карлос Алкараз ќе се врати на теренот

Карлос Алкараз во Барселона се здоби со непријатна повреда на тетивата поради која ќе пауз…