Дома Фудбал Играч на бразилски второлигаш кој се бори за опстанок го сруши Бразил

Играч на бразилски второлигаш кој се бори за опстанок го сруши Бразил

Бразил ја забележа својата шеста загуба во квалификациите за Светското првенство 2026 година, што претставува прв пораз откако Карло Анчелоти ја презеде репрезентацијата на почетокот на летото по неговото заминување од Реал Мадрид. Италијанскиот стратег со својот тим загуби на гостувањето кај Боливија со 1:0. Иако овој натпревар немаше натпреварувачко значење за Бразил, нивната слаба изведба предизвика големи реакции во меѓународните медиуми.

“Единствениот кој излезе како победник од оваа бразилска катастрофа беше Алисон, кој со неколку интервенции спречи поголем пораз.

Херојот од втората лига

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Победата за Боливија ја обезбеди Мигуелито со погодок од пенал во четвртата минута од продолжението на првата половина. Интересно е што Мигуелито инаку е играч на бразилскиот второлигаш Америка Минеиро кој моментално се бори за опстанок. Со оваа победа, Боливија избори пласман во баражните натпревари и ќе се обиде да го оствари првото учество на Светското првенство по 1994 година.

Боливија ќе се натпреварува на меѓуконфедерацискиот плејоф во март 2026 година во Мексико, каде што во мини-турнирот ќе учествуваат уште две репрезентации од Конкакаф и по една од Азија, Африка и Океанија. Паровите ќе се одредат според ФИФА ранг-листата и сè уште не се познати бидејќи на останатите континенти квалификациите се’ уште траат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во Бразил бесни по поразот: Неприфатливо, игравме против судии и помошници на теренот!

Фудбалската репрезентација на Бразил доживеа пораз на гостувањето кај Боливија, каде домаќ…