Дома Фудбал ПСЖ остана „осакатен“ за време на репрезентативната пауза – загуби две ѕвезди!

ПСЖ остана „осакатен“ за време на репрезентативната пауза – загуби две ѕвезди!

Репрезентативната пауза се покажа како најскапа за Пари Сен Жермен. Францускиот шампион остана без двајца клучни фудбалери – Осман Дембеле и Дезир Дуе, кои заработија повреди настапувајќи за својата репрезентација и ќе мораат подолг период да бидат надвор од терените.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тренерот Луис Енрике во наредните недели ќе мора да ги креира тактичките решенија без нивната помош. Дембеле и Дуе беа меѓу најважните играчи минатата сезона, особено во триумфот на ПСЖ во Лигата на шампиони.

Нивното отсуство ќе биде голем удар за парижаните, бидејќи нема да бидат подготвени ниту за големото дерби против Барселона на 1 октомври во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oвој човек е легенда: Очоа застана рамо до рамо со Меси и Роналдо

Селекторот Хавиер Агире го објави списокот од 26 играчи кои ќе го претставуваат Мексико на…