Дома Фудбал Спектакуларниот гол на Собослаи со кој Ливерпул го победи Арсенал (Видео)

Спектакуларниот гол на Собослаи со кој Ливерпул го победи Арсенал (Видео)

Фудбалерите на Ливерпул извојуваа победа против Арсенал во дербито од третото коло на англиската Премиер лига, со конечен резултат 1:0 на домашен терен на Енфилд.

Арсенал остана без стоперот Вилијам Салиба уште во четвртата минута, откако не можеше да ја продолжи играта. Тие имаа прилики преку Гакпо и Ван Дајк од едната страна, додека Мадуеке, Тимбер и Калафиори се закануваа од другата, но резултатот остана непроменет.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Во второто полувреме Ливерпул интензивно тргна кон гол што би им донел нови три бода, а во 60-та минута погодокот на Уго Екитике беше поништен поради офсајд позиција. Домаќинот продолжи со напади преку Гравенберх и Гакпо, и конечно дојде до предност во 83-та минута од натпреварот.

Зубименди направи прекршок на 30 метри од голот, а Собослаи маестрално погоди од слободен удар, овозможувајќи три бода за „Црвените“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ги загуби нервите: Погледнете како збесна синот на Роналдо (Видео)

Кристијано Роналдо Јуниор се најде во центарот на вниманието, но овојпат не заради фудбалс…