Се сеќавате ли каков договор потпиша Езекиел Лавеци кога во февруари 2016 година премина од ПСЖ во кинескиот Хебеј?
За оние што не знаат или пак заборавиле во прашање е сума од огромни 28.5 милиони евра по сезона.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сепак, Аргентинецот не би требало уште долго време да биде на платежниот список на Хебеј бидејќи неговиот договор истекува на 31 декември оваа година. Медиумите се почесто шпекулираат дека Лавеци би можел да се врати во Европа, а последниот клуб со кој се поврзуваше е тимот на Галатасарај.
Клубот од Инстанбул наводно веќе стапил во контакт со агентот на Лавеци, Алехандро Мацони и му понудиле годишна плата од 2.5 милиони евра што е точно 90% помалку од она што го добива во Кина.
Да потсетиме, Лавеци имаше катастрофална прва сезона во Кина, но оваа сезона ја подигна формата и е најдобриот фудбалер на овој клуб со дури 20 погодоци и 18 асистенции. Сепак, поради високите примања клубот сака да се ослободи од него.