Дома Фудбал ПСЖ пред сериозен предизвик во Лигата на шампионите

ПСЖ пред сериозен предизвик во Лигата на шампионите

Извршено е извлекување за Лигата на шампионите. Во првата фаза учествуваат 36 тима распределени во единствена табела. Секој клуб ќе одигра осум натпревари во рамки на лигашката фаза, односно по четири на домашен терен и четири на гостински. Првите осум клуба директно обезбедуваат пласман во осминафиналето, додека тимовите кои ќе се најдат од 9. до 24. место ќе играат плеј-оф за да влезат во оваа фаза.

Првите натпревари се закажани од вторник, 16 септември, до четврток, 18 септември. Натпреварите од следните кола ќе се играат во вторник и среда, додека последното коло е планирано за 28 јануари, среда. Финалето за оваа сезона ќе се одржи на 30 мај на Пушкаш Арената во Будимпешта.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


ПСЖ е актуелниот европски шампион, но веќе од групната фаза почнува тешкиот предизвик за одбрана на титулата. Искуството на ПСЖ јасно покажува дека новиот формат на Лигата на шампионите не гарантира „лесни“ натпревари, дури ни за тимовите во првиот пот.

Противници на екипата на Луис Енрике во лигашката фаза ќе бидат: Баерн Минхен, Барселона, Аталанта, Баер Левекузен, Тотенхем, Спортинг, Њукасл и Атлетик Билбао.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал го плати 70.000.000, а тој се појави со часовник од 23 евра и ги воодушеви навивачите

Додека фудбалските ѕвезди ширум светот трошат милиони на луксузни часовници и автомобили, …